Инвазија на комарци монструми на Флорида!
Комарци 20 пати поголеми од вообичаените ја нападнаа Централна Флорида пренесе Дејли Мејл. Властите ги предупредија жителите да внимаваат на агресивните крвопијачи.
Ентомолозите на универзитетот во Флорида предвидоа дека големите инсекти познати како Галинипери, годинава ќе се појават во земјата во голем број по дождливиот период и тропската бура „Деби“.
Сега малите монструми пристигнаа и се забележани во областа Семинол. Тие се дваесет пати поголеми од обичните комарци и нивниот убод е многу болен.
Директорот надлежен за контрола на инсекти во областа Ривер изјави дека инсектите достигаат толкава големина што наликуваат на мали птици.
Галиниперите го добиле името поради големината и способноста да испијат големо количество крв со само еден убод.
Експертите соопштија дека се работи за исклучително агресивни инсекти и ги советуваа жителите да преземат дополнителни мерки на заштита.
За среќа, досега не е потврдено дека овие комарци се носители на штетни вируси./Н.Р