Монструозно убиство во Лесковац!
Објавено на 10 јуни, 2013 во 08:19
Со ножици 33 годишниот маж ја убил старицата на возраст од 89 години која му била соседка и се пријавил во полиција. Монструозното убиство се случило вчера вечер околу 22.30 часот.
Жената живеела сама во куќата во која се случило убиството.
Соседите, во шок од случката, рекле дека убиецот и старицата биле во добри односи и тој бил чест гостин во нејзината куќа.
Братот на убиецот го пријавил убиството во полиција. Не е утврден мотивот за злосторството.