Сараево: Студентите протестираа за ЕМБ!
Објавено на 10 јуни, 2013 во 16:54
Студентскиот парламент при Универзитетот во Сараево ги повика сите студенти, млади и граѓани на Сараево на продолжување на протестите за поддршка на граѓанската иницијатива за усвојување на Законот за единствен матичен број (ЕМБ).
Вака денеска продолжија големите протести во главниот град на Босна и Херцеговина кои започнаа во петокот, кога над илјада лица протестираа, недозволувајќи одвнатре да излезат пратениците и гостите, додека не биде усвоен Законот за единствен матичен број.
Сите деца во Босна родени годинава немаат матичен број бидејќи законодавците не можат да се договорат за редоследот на нумерирање на регионите во државата.