Грција во информативен молк!

Објавено на 12 јуни, 2013 во 07:38

Грчката влада со декрет ги затвори државната телевизија и радио, како дел од мерките за штедење, со што без работа останаа околу 2.500 медиумски работници. Тие ќе добијат обештетување. Телевизијата и радиото трошеле годишно 300 милиони евра.

Владиниот портпарол Симос Кадиколглу изјави дека државниот радиофифузер бил рај за непотребно трошење, корупција и лошо менаџирање. Властите најавија дека повторно ќе го отворат јавниот сервис со реформиран менаџмент и помалку вработени, без да прецизираат кога тоа ќе се случи.

Во знак на солидарност со ЕРТ вести нема да објавува грчката новинска агенција АНА-МПА, од 6 часот денеска до 6 часот утре.

Со затворањето на ЕРТ грчката Влада соопшти дека го исполнува барањето на меѓународните кредитори за намалување на вработени во државниот сектор.

Грците се шокирани.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.