Сараево: Бебето Белмина отпатува на лекување во Германија!
Тримесечната Белмина Ибришевич чија приказна за недобивањето на единствениот матичен граѓански број ЕМБГ ги дигна на нозе граѓаните на цела БиХ, отпатува вечерва за Германија на лекување.
Со Белмина отпатува и нејзината мајка Фатима и докторка од Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, пренесе Клик.ба.
Белмина полета со приватниот авион на фирмата Делиќ ер од Пула а сите трошоци за тримесечното бебе и екипата која е со неа ќе ги плати меѓународниот аеродром во Сараево.
Родителите биле потресени и не дале изјави. Тие во Штудгард стигнуваат со авион од каде бебето со возило на брза помош ке биде пренесено во Улм каде треба да и направат трансплатација.
Кај Белмина е дијагностицирано тешко имунолошко заболување. Во Германија ке и биде пресадена коскена срж.
На Белмина, која не можеше да замине на лекување во странство затоа што немаше ЕМБГ со привремена одлука на Владата на БиХ, и е одреден матичен број за време од 180 дена.