Турската влада е спремна да прифати референдум за градењето на плоштадот Таксим!
Објавено на 12 јуни, 2013 во 22:03
Турската влада е подготвена да организира референдум за тоа дали дали на плоштадот Таксим да се гради трговски центар и џамија, изјави вечерва портпаролот на владеачката турска Партија за правда и развој на премиерот Реџеп Таип Ердоган.
Хусеин Челик ова го соопшти по денешната прва средба меѓу премиерот Реџеп Таип Ердоган и претставници на демонстрантите.
Изјавата на Челик е прв голем гест на турската влада за изнаоѓање излез од кризата, забележаа американските медиуми.
Во исто време портпаролот Челик ги повика демонстрантите под итно да го напуштат паркот Гези во Истанбул.
„Оние кои имаат лоши намери или сакаат да провоцираат и да останат во паркот ќе се исправат против полицијата“, предупреди Челик.