Ердоган се сретна со демонстрантите!
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се сретна со активистите од паркот Гези, пренесе BBC.
Тој разговараше со клучните лидери на групите пред да го упати своето „финално предупредување“ до демонстрантите. Тајфан Караман од чадор организацијата „Солидарност за Таксим“ изјави дека средбата резултирала со позитивен исход.
Денес ќе биде свикан состанок на плоштадот Таксим на кој ќе им се овозможи на граѓаните да го кажат своето мислење. „Солидарност за Таксим“ се спротивстави на преуредувањето на паркот Гези. Ова прашање сеуште не е решено.
Судирите помеѓу демонстрантите и полицијата траат веќе две недели. Активистите велат дека нема да заминат додека владата не ги напушти плановите за преуредување на паркот.
Средбата во Анкара беше прва директна средба на Ердоган со организаторите на протестите . Во земјата ова беше опишано како последен обид да се најде решение ./Н.Р