Прва во Европа: Норвешка воведе задолжителен воен рок за жени!
Објавено на 14 јуни, 2013 во 22:35
Државата предничи во борбата за еднаквост на половите. Воведе мерки според кои на раководни места во управувањето на фирмите со ограничена одговорност мора да има 40 отсто жени.
Норвешка воведе задолжителен воен рок за жените, јави Ројтерс. Одлуката ја донесе мнозинството пратеници во норвешкиот парламент.
Тие сметаат дека правата и обврските мора да бидат исти за сите. На овој начин Норвешка стана прва европска земја и прва членка на НАТО во која служењето воен рок ќе биде обавезно за двата пола./Н.Р