Демонстрациите на Таксим продолжуваат, казни за медиумите кои ги пренесуваат!
Демонстрантите на Таксим, и покрај ветувањата, повикувањето и „последното предупредување“ на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, не се откажуваат. Во меѓувреме медиумите кои известуваа за демонстрациите заработија казни.
Засега нема пресметка на демонстрантите и полицијата која и понатаму е присутна во соседните улици на плоштадот Таксим.
Турскиот премиер Ергоган во петокот рече дека се надева оти демонстрантите „уште вечерта“ ќе го напуштат паркот Геза по ветувањето дека ќе го запре проектот за уредување на паркот кои ги поттикна демонстрациите што ја потресоа државата.
– Се надевам дека се ќе заврши до крајот на денот- рекол Ердован во говорот во Анкара, повикувајки ги уште еднаш демонстрантите веднаш да го напуштат паркот.
-Веќе два дена разговараме со преставници на демонстрантите и се надевам на резултат, – додал премиерот.
Тој дал ветување дека во паркот нема ништо да се работи се додека судот не донесе конечна одлука за неговата судбина.
Во меѓувреме турскиот Врховен совет за радио и телевизија им изрече казни на неколку телевизии кои ги пренесуваа демонстрациите во живо. Во одлуката стои дека со својата програма го „нарушиле физичкиот, морален и ментален развој на децата и младите“.
Меѓу казнетите се помали телевизии кои за разлика од големите медиуми се осудија да посветат поголемо внимание на случувањата во Истанбул.
На самиот почеток на демонстрациите светот го обиколија снимките на кои турската подружница на CNN во времето на најжестоките пресметки со полицијата емитувала документарен филм за пингвините./Н.Р