Избрканите демонстранти од Гези подигнаа барикади низ улиците на Истанбул!
Неколку илјади луѓе излегоа ноќеска на улиците во неколку истанбулски квартови кои поставија барикади и запалија огнови откако беа растерани од плоштадот Таксим и паргот Гези кој беше централното место на двонеделните антивладини протести, јави Танјуг.
Локална телевија ги прикажа групите со демонстранти кои го блокирале главниот пат кон аеродромот „Ататурк“ во западниот дел на градот додека во источниот неколку стотини луѓе одеа кон главниот мост преку Босфор кон плоштадот Таксим. Некој од нив извикуваа „Таипе, оставка“ повикувајќи го Реџеп Таип Ердоган да се повлече.
Претходно полицијата опремена за растерување на демонстрантите се распореди на плоштадот Таксим и тргна кон шаторите на демонстрантите во паркот Гези. Прво преку озвучување ги предупредуваше: „Ова е нелегален начин, ова е последно предупредување за вас. Евакуирајте се“.
Демонстрантите не се обидоа да се спротивстават така што полицијата потоа за кратко време успеа да ги тргне од паркот и плоштадот.
По полициската интервенција со булдужери бил расчистен теренот. Потоа со солзавец дејствувала во околните улици за да спречи повторно окупирање на паркот и плоштадот.