Археолози пронајдоа изгубен град во Камбоџа!
Група храбри археолози во густата шума на Камбоџа открија град стар 1200 години, пренесе Дејли Мејл.
Градот е откриен во џугла, во подрачје на рудници.
Во откривањето на градот се користеше неверојатна технологија како и умешноста на поранешен војник на Црвените кмери.
Научниците сметаат дека откриениот град Махендрапарвата е околу 350 години постар од славниот град Ангкор ват. Градот е оддалечен само 40 километри од најголемиот храм во Ангкор ват.
Археолозите веруваат дека го пронашле првиот град на империјата Ангкор од 802 година по Христос.
Тимот користеше ласерска Лидар технологија и хеликоптер.
Лидар технологијата користи пулсирачки ласерски сигнали кои овозможуваат видливост под тлото на земјата. Со оваа технологија археолозите открија цел урбан пејсаж со канали, патишта, пештери и структури што наликуваат на гробници./Н.Р