Турскиот синдикат повика на еднодневен штрајк!
Објавено на 17 јуни, 2013 во 07:01
Турските синдикати, за денеска, пoвикаа на еднодневен национален штрајк против начинот на кој полицијата одговори на антивладините демонстрации откако полицијата го блокира просторот околу плоштадот Таксим и паркот Гези, јави BBC.
Блокирани се сите патни правци кои водат до плоштадот и паркот запоседнати од демонстрантите во изминатите 18 дена кои протестите ги започнаа со противење на реконструкцијата на паркот.
Доцна синоќа имало немири на улиците околу Таксим, во областа Нисантаси и околу мостот Галат. ноќеска имало неколку судири на демонстрантите и полицијата, пренесе агенцијата Ројтерс.