Осуден на затвор поранешен водител на Би Би Си!
Со затворска казна од 15 месеци денеска е осуден поранешниот радио водител на Би-Би-Си Стјуарт Хол (83) откако беше прогласен за виновен за сексуално заведување и насилство врз тинејџерки и млади девојчиња. Судот му изрече мала казна во споредба со висината на максималната што би можеше да ја добие, имајки ја во предвид неговата старост.
Додека му се судеше Хол ги призна сите 14 сексуални престапи направени меѓу 1967 и 1985 година.
Некои од делата за кои го судеа Хол ги сторил во просториите на компанијата, потврди Би Би Си.
Првиот случај на Хол му се припишува од 1967 година со една тогаш 16 годишна тинејџерка, кога тој имал 37 години.
Меѓу случаите за кои Хол беше осуден, се и бакнеж во уста на 13 годишно девојче при предавањето на некоја награда во доцните шеесети години од минатиот век, како и „непристојните допирања“ на 17-годишна тинејџерка при едно радио снимање.