Најголемиот висечки мост на светот пуштен во сообраќај!
Објавено на 18 јуни, 2013 во 17:42
По седум години изградба, во Кина е пуштен во употреба најдолгиот и најширокиот висечки мост во светот, пренесува Дејли Мејл.
Мостот се протега во должина од 10 километри во заливот Хангцоу.
Конструкцијата ја држат две кули високи 227 метри од кои излегуваат каблите на мостот.
Градбата е широка над 780 метри и има пат со шест ленти.
Финалните градежни работи завршија вчера.
Мостот е дизајниран за пешаци и возила кои можат да возат со максимална брзина од 96 км/ч./Н.Р