В година можно е затворање на „Бонстил“!
Објавено на 19 јуни, 2013 во 19:00
Државите членки на НАТО сериозно размислуваат за понатамошно редуцирање на КФОР и за затворање на кампот „Бонстил“.
Североатланскиот совет веќе дискутирал во текот на 2014 година да се редуцираат мировните трупи на оваа организација во Косово на не повеќе од 4 илјади војници, потврдиле извори на весникот „Трибуна“.
Во зависност од случувањата во северот на Косово, по договорот во Брисел, ќе се одлучи и за фазите како ќе тече редукцијата.
Но, според истиот извор, целта е кампот „Бонстил“, до сега најголем на американската војска во регионот, да биде затворен.
