Канада: Експлозија во фабрика за пиротехнички средства. Двајца загинати!
Објавено на 20 јуни, 2013 во 21:24
Две лица загинаа денеска во серија на експлозии кои одекнаа во една фабрика за пиротехнички средства во близина на Монтреал.
Експлозиите се слушнале на неколку километри наоколу, а фабриката која се наоѓа на 50 километри југозападно од Монтреал целосно е уништена.
Како што пренесе акенцијата АФП, 150 пожарникари успеале да го угаснат пожарот.
Причината за експлозијата сеуште не е познат. Поради превенција десетици луѓе биле евакуирани.
Поради експлозијата затворен е и автопатот кој ги поврзува Монтреал и Торонто, како и железничката линија Монтреал- Отава.
извор: Танјуг