Протестираат милиони луѓе на улиците на Бразил!
Tраат антивладините протести во Бразил. Милиони граѓани се на улиците во повеќе од 100 градови на територијата на државата. Протестите започнаа пред повеќе од една недела поради покачувањето на цената на превозот и против корупцијата.
Граѓаните бараат поефтини здравство и јавни услуги и се спротивставуваат на организацијата на светското фудбалско првенство во кое се вложуваат огромни суми на пари,jавуваат бразилските медиуми.
На улиците има се повеќе насилство. Во судирот на демонстрантите полицијата користела гумени куршуми и водени топови. 30-тина луѓе се ранети. Во несреќа предизвикана од автомобил во Сан Паоло кој налетал на барикада почина 18 годишно момче
Претседателката на Бразил Дилма Росеф за денеска свика кризен состанок со најтесниот круг на кабинетот.