Сирачиња на растопената ЕУ – сиромашни родители во Грција ги оставаат децата во дом!

Објавено: 23 јуни, 2013, во 12:23 часот

Oбјавени се шокантни фотографии кои покажуваат како родители од средната класа во Грција ги оставаат децата во домови за да не гладуваат. Фотографиите ги објави Дејли мејл.

Топењето на финансиите во Грција предизвика страдање низ целата земја. Во нација каде идејата за семејство е центар на секојдневието, најмладите граѓани го носат најтешкиот товар на кризата.

Една хуманитарна организација соопшти дека 80 од 100 деца во нивните центри се таму затоа што родителите веќе не можат да им обезбедат храна. 10% од грчките деца се изложени на ризик од глад.

Новинарот Јан Бирел ја раскажа приказната за деветгодишниот Никола Елефтеријаду кој му понудил колач во дом за деца. „Кога го прашав како е, срамежливо ми одговори: тежок сум колку орев“. Неговите родители Олга и Александрос  дојдоа во домот да си ги земат децата за  викендот. Децата престојуваат во домот од понеделник до петок. Обајцата родители останале без работа во кетеринг услугите пред две години. Тој доставувал пица, таа работела во сендвичарница. Со пет деца, сега се обидуваат да преживат со социјална помош од 470 евра месечно.

Сакаат вистинска работа, но нема слободни работни места.  Мајка и на Олга се обиде да го заштити семејството и да им обезбеди храна со бенефициите што ги има како пациент со канцер, но тоа не беше доволно.

Затоа, веќе една година Николас, неговиот осумогодишен брат и седумгодишната сестра се испратени во домот Занео, на еден час од нивниот дом кој се наоѓа на другата страна во Атина. Брачната двојка признава дека им било неверојатно тешко.

„Беше толку многу тешко, особено на почетокот. Тешко можев да го поднесам тоа“, вели Олга. Децата се навикнаа. Утеха за нив е што сега се посреќни и учителите се многу љубезни и грижливи.

Приказната на семејството Елефтеријаду ја нагласува суровоста на животот во модерна  Грција каде економијата е во слободен пад и сеуште паѓа за 5% годишно со стапка на невработеност која е меѓу највисоките во Европа./Н.Р

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.