Обама ќе ја посети фамилијата на Мандела
Објавено: 29 јуни, 2013, во 10:54 часот
Од белата куќа нема специфични детали за посетата, освен дека посетата ќе биде приватна само со фамилијата. Обама нема да го посети Мандела во болницата за мир и благосостојба на болниот, пренесува USA Today.
Мандела и Обама се имаат сретнато порано во 2005, кога Обама сеуште служеше како сенатор. Американскиот претседател има изјавено дека Мандела е негов „личен херој“.
„Мислам дека главната порака што сакаме да ја доставиме, ако не него лично, барем на неговата фамилија е едноставно длабока благодарност за неговото лидерство сите овие години и дека мислите и митвите на Американците се со него, со неговата фамилија и неговата држава“, изјави Обама за USA Today.
Обама со ова ја завршува турата низ Африка, одкако изминатиов викенд се сретна со актуелниот јужно африкански претседател, Јакоб Зума.
Л.С.
