Победа на албанската левица
Објавено на 29 јуни, 2013 во 11:17
Лидерите на Социјалистите во Албанија се договорија Еди Рама да биде премиер а Илир Мета претседател на собранието.
На средбата договорени се и министерските места во новата влада. Најмногу претставници ќе има од победничите партии – Социјалисти на Албанија и Движење на Социјалистичка Интеграција. Неколку места ќе бидат оставени и за помали партии од коалицијата на Социјалистите.
Демократската партија на Сали Бериша, која ги изгуби изборите, во меѓувреме бара нов лидер. Потенцијален кандидат е актуечниот градоначалник на Тирана, Лулзим Баша, Тој е близок соработник на Бериша.
Л.С.