Денес се слави влезот на Хрватска во ЕУ!
Објавено на 30 јуни, 2013 во 09:40
Свечени прослави по повод утрешното приклучување на државата во европското семејство ќе се одржат низ цела Хрватска.
По тој повод во Загреб пристигнаа претставници на 27-те земји членки на Унијата и нејзиното раководство.
Централната прослава ќе се одржи на централниот плоштад во Загреб. На неа ќе се обратат претседателот на ЕУ Херман ван Ромпуј, претседателот на Европарламентот Мартин Шулц и претседателот на ЕК Жозе Баросо.
Прославата ќе заврши вечерва на полноќ со огномет во целата земја.