И Босанците на протест!

Објавено: 1 јули, 2013, во 10:17 часот

Треската на протести ја зафати и Босна и Херцеговина.

Околу илјада граѓани денес протестираат пред Парламентот на Босна и Херцеговина во Сараево. Протестите биле претходно најавени и не се очекува интервенција од полицијата, која се солидаризира со граѓаните.

Под слоганот „Отказ 01.07“ демонстрантите протестираат поради неусвојување на Законот за Единствен матичен број  на граѓаните (ЕМБГ). На протестите на 11 јуни демонстрантите поставија рок до 30 јуни да се усвои овој закон.

Граѓаните протестираат против неработењето на домашните политичари. Тие денес им „даваат отказ“ на политичарите. Демонстрантите има не само од Сараево, туки и други поголеми градови во БиХ.

Л.С.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.