Сараево: На протестите повик за граѓанска непослушност во БиХ!
Граѓаните на Сараево и денеска протестираа пред зградата на Парламентот а потоа и пред Уставниот суд додека двајца параглајдеристи го прелетаа плоштадот носејќи транспарент на кој пишуваше „ЕМБГ“, jaви Kликс.
Демонстрантите во еден момент седнаа на тротоарот на главната улица извикувајќи пароли против владата – „крадци, крадци“.
Меѓу нив беше и Шемсудин Маљевиќ кој на новинарите им рече дека демонстрантите самоиницијативно ја блокираа главната градска сообраќајница на Марјан плоштадот, во близина на државните институции. До блокадата дошло поради тоа што плоштадот во еден момент станал тесен за сите кои дошле да протестираат.
– Тоа се граѓани кои го изгубија стравот, гневни на долгогодишниот неред и неинвентивност на босанската Влада, рече Маљевиќ.
На протестот учествуваа истомисленици од повеќе градови во БиХ. Од утре, вторник, нема да се организираат протести „на кафе пред Парламентот“ туку активна ќе биде „граѓанската непослушност“. Ако Парламентот не одговори на граѓанските барања, во рок од еден месец, тогаш ќе се превземат други мерки, најавија организаторите.
Собраните граѓани денеска на неодамна починатото бебе Берина и доделија ЕМБ 170313062013.