Со напад му одговори египетската армија на претседателот Морси!
Се вжештува ситуацијата во Каиро. 16 загинаа, а ранети се 200 лица во синоќешниот напад во Каиро врз приврзаници на египетскиот претседател Мохамед Морси.
Ги нападнала група непознати лица, вооружени си огнено оружје.
Египетската армија е „подготвена да умре, заштитувајќи го својот народ од терористи, радикали и глупаци“ пишува во во декларација, на Вишиот совет на вооружените сили на Египет, објавена на Фејсбук.
Вака армијата му одговори на Морси, кој го отфрли ултиматумот на воените сили, кои од него побараа да ги исполни барањата на народот и да се согласи на предвремени избори.
Доцна синоќа египетскиот претседател Морси одби да поднесе оставка бидејќи , како што соопшти, законски бил избран за претседател на државата и „со животот ќе го брани својот уставен легитимитет“.