Украина: Граѓани ја напаѓаат полицијата
Полицајци од областа Николајев во Украина, грабнале и дивјачки силувале 29-годишна девојка.
Ирина Храшкова била турната во автомобил и силувана во шума од двајцата полицајци, со помош на возачот. Едниот од нив е притворен а другиот е сеуште на слобода, тврдејќи дека бил на работно место за време на инцидентот.
Девојката добила и скршеници на черепот и била неколку дена во кома. По одбивањето да се приведе вториот полицаец, над илјада граѓани ја нападнале локалната полиција. Тие ги искршиле прозорците и вратите и ја запалиле зградата.
Случајот предизвика револт низ цела Украина за корупцијата и неказнувањето на владините функционери и нивните богати пријатели. Граѓаните се сетија и на бруталниот инцидент од минатата година, кога 18-годишна девојка беше силувана и запалена. Силувачите со добри конекции беа пуштени на слобода и повторно уапсени дури по масовните протести.
Л.С.