Моралес полета за Боливија без Сноуден
Објавено: 3 јули, 2013, во 11:33 часот
Авионот на Боливискиот претседател, Ево Моралес, беше задржан во Виена со сомневање дека во него патува Едвард Сноуден.
Претходно претседателот изјави дека неговата влада размислува да му даде азил на Сноуден.
Моралес се враќал од Москва и принудно бил пренасочен во Виена, откако не му бил дозволен простап во воздушниот простор на Франција, Португалија, Италија и Шпанија.
Боливискиот амбасадор во Обединетите Нации, Саша Јоренти, изјави дека наредби стигнале од САД но и европските земји го прекршиле законот и имунитетот на претседателот Моралес. Вицепремиерот на Боливија, Алваро Гарсија, изјави дека Моралес бил „киднапиран од империјализмот“.
Австриските власти утврдија дека Сноуден не бил во авионот на Моралес. Шпанија дозволи премин преку својот воздушен простор и Моралес е на пат за Боливија.
Л.С.
