Турскиот суд го блокираше преуредувањето на Гези паркот!
Објавено на 3 јули, 2013 во 22:09
Турскиот суд го отфрли во средата планот за преуредување на историскиот локалитет на плоштадот Таксим во Истамбул.
Со тоа, плоштадот поради чие преуредување изминатиот месец избија крвавите демонстрации, нема да се претвори во споменик на Отоманската империја со трговски центар, јавија турските медиуми.