Албанија во декември со кандидатски статус?
Објавено на 4 јули, 2013 во 08:10
Албанија има шанси во декември да добие статус на земја-кандидат за членство во Европската унија, изјави шефот на Мисијата на ЕУ во Тирана, Еторе Секи, пренесува Радио Слободна Европа.
Како што се наведува во веста, тој по средбата со кандидатот за нов премиер на Албанија, Еди Рама, изјави дека за тоа е неопходно да се спроведат реформи, а тоа е главното очекување од новата влада.