Рикер: Има напредок во евроинтеграциите кај балканските држави!
Кај балканските држави се забележува прогрес во поглед на европските интеграции, изјавил за Радио Слободна Европа, помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер. Тој ја нагласил потребата балканските лидери да ги зајакнат напорите во понатамошниот прогрес.
Во интервјуто, Рикер ја издвои Хрватска, која беше примена во ЕУ викендов, како земја што постигнала „голем напредок“. Рикер исто така ги пофали „огромните напори“ од Србија и од Косово кои работат заедно со ЕУ на нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина. Тој рече дека во Босна и Херцеговина сè уште има проблеми. Рикер го обвини раководството, „кое одбрало да не функционира“, но додаде дека босанските власти покажале одредена флексибилност и волја за компромис што би можело да ја поправи состојбата.