Египет доби нов привремен претседател
Врховниот судија на Египет, Адли Мансур, денес положи заклетва како привремен претседател на Египет.
После денови на протести и безредие, армјата на Египет реши да го суспендира уставот и да повика на нови избори. Лидерот Мохамед Морси е под домашен притвор на непозната локација.
Морси е првиот демократски избран претседател на Египет. Тој беше кандидат на движењето „Браќа по ислам“, кое со години беше под репресија за време на диктатурата. Реакции на загрижување стигнаа од Египет. Американскиот претседател, Барак Обама, понуди 1,6 милијарди долари за помош на државата.
„Ние сме длабоко загрижени од одлуката на египетската војска да го тргне претседателот Морси и да го суспендира уставот“, изјави Обама.
Тој и порача на војската што побрзо да овозможи авторитет на демократски изгласан лидер. Сеуште нема датум за избори на постојан претседател.
Л.С.