Премиерката на Словенија сама си ја намали платата!

Објавено на 5 јули, 2013 во 11:57

Се случува и тоа. Во време на криза и мерки на штедење во Словенија премиерката Аленка Братушек и сите јавни службеници ќе добиваат помала плата.

Платите на службениците  ќе се намалуваат зависно од рангот на функциите. Некому ќе биде смалена за 50% а на други 4,86, што е и најмалку, пренесуваат словенечките медиуми.

Основната бруто плата на премиерката Братушек ќе се намали за 263 евра односно ќе изнесува 5.156 евра.

во согласност со договорот за штедење, државата, на сите јавни службеници ќе им плаќа помалку за дополнителното пензиско осигурување, додека надоместакот за боледување ќе се намали на 80 отсто на платите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.