Канада: Воз излезе од шините а вагон цистерните со гориво го запалија центарот на градот!

Објавено на 6 јули, 2013 во 22:02

Воз со 80 вагон цистерни полни со гориво излегол од шините на пругата во градот Лак Мегантик во провинцијата Квебек, околу 250 километри источно од Монтреал и предизвикал голем пожар во кој за исчезнати се водат неколку десетици луѓе.

Како што јави Ројтерс, огнената стихија го проголтала центарот на градот од каде биле евакуирани неколку стотици луѓе.

Уништени се најмалку 30 згради но засега нема конкретни информации за жртви. Некој медиуми во Канада јавија дека најмалку 50 луѓе се водат за исчезнати.

Се стравува дека би можело да дојде до нови експлозии од вагон цистерните. Канадските пожарникари побарале помош од американските колеги.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.