Власта во Турција се закани, нема да дозволи нови протести!
Објавено на 7 јули, 2013 во 16:02
По најавите за нови протести во истанбулскиот парк Гези, турскиот министер за внатрешни работи Муамер Ѓулер изјави дека е недозволено да се преземаат масовни акции во паркови и на јавни места.
Доколку се прават такви обиди, полицијата ќе ги употреби сите средства за спречување – водени топови, солзавец и жива сила, како и други средства предвидени со законот..
Ѓулер порача дека парковите се места за дружење, „места каде се љубат децата на цвеќето, а не места каде се поставуваат шатори“.
