Идната недела Србија почнува првични преговори со ЕУ!

Објавено на 13 јули, 2013 во 11:00

Потпретседателката на владата на Србија за европска интеграција Сузана Грубјешиќ и генералниот директор за проширување во Европската комисија, Јуст Корт разговараа за подготовка на првите оперативни преговори помеѓу Србија и ЕУ закажани за идната недела.

Грубјешиќ на својот соговорник му ја претстави преговарачката структура на Србија во рамките на која ќе се направи првиот чекор во преговорите, кој подразбира анализа на прописите на Србија со правните текови на ЕУ, соопшти владата на Србија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.