Над Лос Анџелес се запали авион со 347 патници
Објавено: 22 ноември, 2019, во 09:15 часот
Авион од типот „Боинг 777“ на компанијата „Филипини ерлајнс“ се запали по полетувањето од аеродромот во Лос Анџелес.
Авионот летал за Манила, но поради пожар на еден од моторите морал принудно да се врати на аеродромот во Лос Анџелес.
Никоја од патниците не е повреден. А првичните информации велат дека пожарот во моторот се случил поради механички дефект.
