Уапсен Македонец во Киев поради обид за убиство на еден од водачите на Кавачкиот клан
27.05.2020
Украинските власти ги уапсиле и идентификувале лицата вклучени во обидот за убиство на наводниот водач на кавачкиот криминален клан, Радоје Звицер.
Според украинските медиуми, станува збор за државјани на Црна Гора, Северна Македонија и Србија, а за еден од нив има меѓународна потерница за убиство.
Како што објавија медиумите синоќа, две непознати лица пукале во Звицер, а нападот се случил во близина на елитен станбен комплекс во украинската престолнина.
Главните причини за обидот за атентат биле „криминалните активности на жртвата, можното прераспределување во злосторничката организација, како и меѓу балканските криминални кланови кои ја контролираат трговијата со дрога“, рече првиот човек на Националната полиција на Украина, Игор Клименко.
Тој додал дека по обидот за убиство, полицијата започнала интензивна потрага по напаѓачите.
Напаѓачите се обиделе да избегаат, но во еден момент се обиделе и да го запалат автомобилот во кој се наоѓале. При палењето еден од напаѓачите се здобил со изгореници.
Полицијата успеала да ги пронајде преку камерите за видео-надзор.
„Полицијата го следеше автомобилот во кој осомничените се движеа кон Одеса со цел да ја напуштат земјата надвор од царинската контрола преку границата меѓу Украина и Молдавија. Бидејќи напаѓачите беа вооружени, во полициската акција беа вклучени специјални сили. Утрото беа приведени четирите лица, кои пружиле отпор при апсењето“, изјавил Клименко.
Обвинетите во моментот се приведени во согласност со член 208 од Кодексот за кривична постапка на Украина, а истрагата е во тек.