Европа ја изолира Велика Британија: Денес итен состанок на ЕУ во Брисел, заради мутацијата на Ковид – 19
Објавено на 21 декември, 2020 во 08:44
21.12.2020
Амбасадорите на земјите од Европската унија денес во Брисел ќе одржат состанок за ново ограничување на движењето поради појава на новиот вид коронавирус во Велика Британија.
Неколку земји на ЕУ, како Австрија, Белгија, Франција, Германија, Ирска, Италија и Холандија веќе ги прекинаа воздушните врски, а некои од нив и железничките и поморските врски со Велика Британија.
Одлуката е донесена откако британскиот премиер Борис Џонсон воведе карантин во Лондон и дел од Англија во саботата по појавата на мутацијата на вирусот.
Неименуван официјален претставник на ЕУ рече дека амбасадорите, меѓу другото, ќе размислат за воведување мерки како што се PCR-тестови за патници кои доаѓаат од Велика Британија.
Мите Јаначков