Двомесечни резултати над очекуваните: Кинеската економија бележи скок за една третина
15.03.2021
Активноста на производствените капацитети во Кина и прометот во трговијата на мало бележат раст во првите два месеца од 2021 година што е над очекувањата и за многумина од експертите е забрзано опоравување на економијата по ланското парализирање поради пандемијата на ковид-19.
Според податоците на кинескиот Државен завод за статистика, индустриското производство во јануари и во февруари е пораснато за 35,1 отсто, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Продажбата на мало бележи раст од 33,8 проценти што, исто така, е побрзо од предвидувањата и значително над „скокот“ од 4,6 отсто во декември.
Иако бројките се импресивни, аналитичарите, сепак, укажуваат дека силното оправување и натаму е нечепнато.
Способноста на Кина да ја запре пандемијата на ковид-19 пред другите големи светски економии во голема мера е овозможено со економското закрепнување. Кинеската економија лани беше единствена во светот што забележа годишен раст од 2,3 проценти.
