Ангелов: Бугарија може да ја повлече од употреба вакцината „АстраЗенека”

Објавено на 13 април, 2021 во 08:12

angelov bugarija 34 678x381

13.04.2021

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, изјави дека вакцината „Астра Зенека” ќе биде повлечена доколку интересот за неа во земјата целосно се намали.

Дописникот на МИА од Софија пренесува дека Ангелов соопшти дека вакцините на оваа компанија ќе се чуваат во фрижидерите на компанијата „Булбио” или во регионалните здравствени дирекции во Бугарија.

-Согласно договорите што Бугарија ги има со Европската комисија, ќе се одлучи што да се прави со нив, додаде Ангелов.

Министерот кажа дека има писмо од министерот за здравство на Португалија, во кое се вели дека, како паневропски пристап употребата на „АстраЗенека” треба да биде ограничена само за лицата на возраст под 60 години.

За таа цел е одлучено да се побара од бугарските стручни совети, вклучувајќи и имунолози, експерти за заразни болести, кардиолози, да дадат итно мислење за тоа што треба да направи Бугарија. Според министерот Ангелов, тие ќе треба да одговорат на две важни прашања – што треба да се прави со бугарските граѓани кои веќе ја имаат примено првата доза и што треба да се направи со луѓето кои не сакаат да ја примат вакцината „АстраЗенека” како втора доза доколку Бугарија одлучи да ја запре нејзината употреба на територијата на земјата.

Досега ниту една вакцина „АстраЗенека” не е уништена или исфрлена во Бугарија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.