Уапсени двајца лекари од Словенија, зеле милион евра издавајќи лажни ковид потврди

Објавено на 11 ноември, 2021 во 10:21

Вчера во Словенија биле уапсени два лекари кои издавале уверенија на пациенти без никаков преглед, за паричен надоместок, а за пари тие издавале и лажни ковид потврди.

Акцијата што се случи во вторникот на подрачјето на полициските управи на Љубљана, Цеље, Ново Место, Мурска Собота, Крањ и Нова Горица ја воделе криминалисти од Марибор, а соопштено е дека се работи за предистражна постапка.

Неофицијално, во центарот на истрагата е корупцијата во здравството, а потврдено е дека повеќе лица и институции се под истрага, додека досега се приведени две лица.

Истрагата е фокусирана на сомнението за злоупотреба на службената положба, земање и давање поткуп, а во постапката се вклучени двајцата лекари, потврди полицијата во Марибор.

-Се сомнева дека на тој начин за неколку години добиле најмалку еден милион евра противправна имотна корист, соопштија од полицијата, велејќи дека тие ќе му бидат предадени на истражниот судија, пренесува Хина.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.