Ученичка нападна соученичка во Зрењанин,во Нови Сад уапсено девојче поради закани

Објавено на 15 мај, 2023 во 16:24

Ученичка од ОУ „2 Октомври“ во Зрењанин со нож нападнала соученичка во женскиот тоалет во училиштето кога и нанела повреди во пределот на грбот. Како што објавија српските медиуми, повреденото девојче е пренесено во Ургентниот центар во Зрењанин.

Според информациите од здравствената установа, се работи за полесни физички повреди.По укажаната лекарска помош, девојчето е пуштено на домашно закрепнување.

За случајот е известен и јавен обвинител.

Во Нови Сад уапсено е девојче (14) поради закани на соученици и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материјали

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.