Ученици од битолско основно училиште со донација за настраданите во Турција и Сирија
Објавено на 24 февруари, 2023 во 15:11

Учениците од ООУ „Гоце Делчев“ Битола активно се вклучија во химанитарната акција „Од дете за дете“ со донирање на парична помош за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија, пишува веб поратол Апла.мк.
На иницијатива на Советот на родители, а со поддршка на вработените од училиштето, учениците со своите родители дадоа голема поддршка на акцијата, во која исто така масовно се приклучија и настваниот кадар и останатите вработени при основното училиште.
Акцијата се спроведе во периодот од 20 до 22 февруари 2023 година. Беа поставени четири картонски кутии за собирање на парични средства , во сите четири згради по една.
Повеќе на Апла.мк.
Дума.мк
