Учениците од 23 јануари се враќаат во училишните клупи
Објавено на 10 јануари, 2023 во 15:45
Второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18 јануари, годинава ќе започне на 23 јануари, понеделник, со физичко присуство за сите ученици.
Според Министерство за образование и наука распустот се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците.
Одлуката е донесена на денешната седница на Владата.
Дума.мк