УХРМ: Сончево и топло, максимална дневна температура 33 степени

Објавено на 11 септември, 2023 во 09:07

Во Македонија утрово времето ќе биде свежо, додека во текот на денот нѐ очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15 степени, а максималната ќе достигне 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер и максимална температура до 31 степен.

УХМР најавува период на сончево и топло време со свежи утра. Од четврток ќе има умерена облачност, а од петок услови за локална појава на краткотраен дожд и грмежи во попладневните часови.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.