Вакцинација во Врање: Поголем интерес на македонските граѓани отколку на локалните жители
Објавено на 28 јули, 2021 во 11:34
Вчера вкупно 213 дози вакцини се дадени на главниот пункт за вакцинација во Врање, соопшти тамошниот Здравствен дом во градот.
Од тој број, 85 дози добиле граѓаните на Србија, прва доза 38, а втора доза 47 лица. Во Врање вчера на македонските граѓани им биле дадени 128 дози на вакцини, од тој број 70 ја добиле првата доза, а 58 лица ја примиле втората.
Вкупниот број на вакцини дадени вчера бил 77.736 дози.