Вакцинираните лица може да патуваат во ЕУ, вели Филипче

Објавено на 31 август, 2021 во 13:22

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека вакцинираните лица од земјава можат да патуваат  каде сакаат, приложувајќи ги ковид пасошите и сертификатите.

-За патување во ЕУ на вакцинираните лица не им се потребни ПЦР тестови и карантин. Нашиот тим направи специјални напори, па така вакциналниот сертификат е признат во сите европски земји и сите кои што го поседуваат слободно може да патуваат – кажа министерот Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, поврзано со ставањето на црвената листа на ЕУ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License