Викенд временска прогноза: Помалку врнежи на дожд и наутро значително пониски температури

„Викендов, сабота, 17 мај и недела,18 мај, во Македонија во ноќните и во раните утрински часови ќе имаме значително поладно време, со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 8 степени, додека на повисоките и на планинските места температурите ќе се спуштат и за некој степен под нулата. Особено на повисоките населени места и на планините ќе има и појава на слаб утрински мраз.
Преку денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди со локални услови за краткотраен дожд. Максималните дневни температури ќе бидат во постепен пораст, особено во недела, кога се очекува покачување во интервалот од 15 до 23 степени.
Времето во Скопје и околината ќе биде слично како и во другите делови на државата,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк
