Висок број на казни за непочитување на полициски час и не носење на маска
Објавено на 5 мај, 2021 во 10:58

Од 21:00 часот до 05:00 часот, констатирано е дека 41 лице не ја почитувало забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 401 прекршок.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.
