Владата јавно го објави предлогот на француското претседателство

Објавено на 1 јули, 2022 во 14:28

Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна интегрално го објави предлогот на француското претседателство.

-Можете да го преземете на следниот линк:

Ministerial meeting of the intergovernmental conference – Completing the opening of the negotiations on the accession of North Macedonia to the European Union – General EU Position

Draft Council Conclusions

Draft EU Common Position for the first IGC

Предлогот во кој се вградени забелешките на Валадата од денеска е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која започна утрово со состанок на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со членовите на владината коалиција.

Во текот на денот и во следните денови, Владата продолжува со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата, објавија од Владата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.