Во овој бран има масовно самолекување од Ковид-19, надлежните апелираат последиците фатални

Објавено на 13 октомври, 2021 во 10:08

Граѓаните кои се позитивни на Ковид 19, да не прифаќаат лекување во домашни услови, ако за тоа не се изјасни матичниот лекар и задолжително да побараат пишан документ за терапијата и начинот на лекување, апелираа од Државниот здравствен и санитарен инспекторат , по сомнителната смрт на пациент од ковид кој бил лекуван во домашни услови, без консултација на матичен лекар .

Апелот уследи откако, како што информираа, до ДЗСИ добиле претставка од здравствен работник, за починато лице инфицирано со Ковид-19, кое по утврдената дијагноза од матичен лекар, по 14 дена од инфекцијата, дошло во Ковид центар, во многу лоша здравствена состојба и починало на само неколку часа по приемот.

Блиски родини на починатото лице, дале податок дека сега веќе починатото лице било лекувано седум дена во домашни услови со инфузиона терапија и ги навеле точните називи на лековите кои биле давани, а истите ги посочил во писмен допис и здравствениот работник кој извршил прием на пациентката каде починала.

Дека во овој бран има масовно самолекување и освежување со инфузии во домашни услови потврди и директорката на Инфективна,  Милена Стевановиќ, која објасни дека оваа ситуација дополнително ја влошува состојбата.

-Она што во овој бран го забележавме е масовно самолекување на пациенти дома и добивање на инфузии за освежување. Со освежување не се лекува Ковид-19. Тоа е многу погрешно и доаѓаат во многу тешка состојба за прием. Мора соодветен третман, навремено и соодветно следење на болеста идејќи дома никој не знае дали настанала супербактерија или има цитокинска бура, вели др. Стевановиќ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.